Вајлдер обезбеди нов меч со Фјури, па се фотографираше со колекција оружје

Вајлдер обезбеди нов меч со Фјури, па се фотографираше со колекција оружје

пред 4 години

Поранешниот ВБЦ шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер се пофали со три оружја од неговата огромна колекција пред неговото најавено враќање во рингот за нова, трета пресметка со Тајсон Фјури.

35-годишниот Вајлдер не крие дека во својот дом има огромна колекција на оружје – вклучувајќи и базука и златен пиштол.

„Не ми е потребна полиција за да ме заштити од провалници. Не знам дали е целосно легално, но можеш да купиш било какво оружје. Наскоро ќе се изиградам стрелиште. За мене оружјето е терапевтстко“, изјави пред некоја година „Бронзениот бомбардер“.



 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deontay Wilder (@bronzebomber)

Share
Scroll to Top