Honor 50 серијата смартфони ќе биде меѓу првите што ќе ги покренува новиот Qualcomm Snapdragon 778G 5G чипсет. Honor ова го објави официјално со информација дека Honor 50 серијата ќе биде официјализирана во јуни.
Стандардниот Honor 50 се очекува да го користи Snapdragon 778G чипсетот, додека за моделот Honor 50 Pro се верува дека работи со Snapdragon 888 премиум чипот.
Honor 50 серијата би требало да има главна камера од 50MP, сместена во дизајн со два прстена на задната страна. Се очекува и 13MP ултраширока камера, како и 8MP телефото (можеби перископ) сензор.
Од предната страна на телефонот ќе има две селфи камери, од 32MP и 8MP, а ќе бидат сместени во 6,79 инчен AMOLED екран, со поддршка за брзина на освежување од 120Hz.