793 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

пред 3 години

793 возачи се казнети во вчерашната акција на министертвото за внатрешни работи за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 94 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Share
Scroll to Top