Бајден ќе биде домаќин на семејството на Џорџ Флојд на годишнината од убиството

пред 4 години

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе биде домаќин на семејството на Џорџ Флојд во Белата куќа на годишнината од неговото брутално убиство, што предизвика протести и немири низ САД и предизвика дебата за полициските реформи.

Ќерката на Флојд, Џијана, неговата мајка, сестра и браќата ќе разговараат со Бајден во Белата куќа, рече портпаролката Џен Псаки.

„Храброста и достоинството на неговото семејство, а особено неговата ќерка Џијана, навистина го заинтригираа претседателот. Тој сака да ги слушне нивните ставови”, изјави Псаки пред новинарите.

Задушувањето на Флојд до смрт во Минеаполис на 25 мај минатата година и последователната казна за полицаецот Дерек Шовин, кој со коленото го притискал вратот на Флојд речиси девет минути, се сметаат за клучни моменти во долгата борба на Америка за расна еднаквост. По убиството на Флојд, започнаа протести и немири низ целата земја, каде веќе се водеше изборната битка меѓу Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп.

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за полициски реформи на првата годишнина од убиството. Америка мора да се спротивстави на системскиот расизам по убиството на Флојд, рече тој. Но, амбициозниот рок се приближува и само Претставничкиот дом го поддржа законот познат како „Правда за Џорџ Флојд“, додека Сенатот продолжува да расправа околу клучните детали. Законот, меѓу другото, предвидува забрана на потенцијално смртоносни техники на задржување на осомничениот, како што е задушување.

Share
Scroll to Top