Таткото на опозицискиот новинар Роман Протачевиќ, кој беше уапсен во Белорусија откако авионот со кој патуваше беше принуден да слета во Минск, смета дека неговиот син бил принуден да сними видео во кое ја признава својата вина и дека му се чини дека му е скршен носот, пренесува „Ројтерс“.
Белорускиот блогер, кој се населил во Литванија, е уапсен заедно со својата девојка Софија Сапега, откако авион на „Рајанер“ со кој патувал од Атина до Вилнус, во неделата морал да изврши принудно слетување во Минск, поради лажен извештај за поставена бомба.
EU leaders called for Belarusian airlines to be banned from the 27-nation bloc’s airspace and urged EU-based carriers to avoid flying over Belarus after one of the country’s warplanes intercepted a Ryanair aircraft and arrested a dissident journalist https://t.co/bk22pekW5p pic.twitter.com/NNppeA1hQo
— Reuters (@Reuters) May 25, 2021
Тогаш тој е уапсен, а потоа на видеоснимка призна дека учествувал во организирање масовни немири во Минск, пренесува „Ројтерс“.
„Очигледно дека неговиот нос е скршен, бидејќи може да се види дека неговата физиономија е променета и дека има шминка. Левата страна на лицето му е намачкано со пудра во прав. Она што го рече не се негови зборови ниту интонација и тој е видливо нервозен. Јас сметам дека е принуден да го сними тоа. Не можеше да признае дека стои зад масовните немири затоа што не направи такво нешто“, рече неговиот татко Дмитриј Проташевич.
Тој оцени дека станува збор за одмазда на владата и предупредување до сите да внимаваат што се можат да им направат на политичките противници.