Фабио Паратичи по 11 години веќе не е спортски директор на Јувентус

Фабио Паратичи по 11 години веќе не е спортски директор на Јувентус

пред 3 години

Јувентус денеска соопшти дека го раскинуваат договорот со спортскиот директор во клубот, Фабио Паратичи. Неговиот договор по цели 11 години сега не е продолжен.

„Ова беа убави години на професионален раст и силни емоции. Јувентус ми овозможи да ја работам мојата работа со апсолутна слобода и без условување. Сакам да им се заблагодарам на сите соработници, играчи, трнери, а посебно на претседателот Ањели“ рече Паратичи за клупскиот сајт.

Клубот од Торино соопшти дека на 4. јуни, Паратичи и Ањели ќе одржат заедничка прес-конференција.

Токму Паратичи, заедно со потпретседателот Павел Недвед беа најупорните за смената на тренерот Алегри во 2019 година. Сега актуелно е прашањето за смена на Андреа Пирло, а се споменува доаѓање на Зинедин Зидан на клупата на „Старата дама“.

Јувентус сезонава го совои Купот на Италија, а дури во последното коло обезбеди пласман во ЛШ наредната сезона.

Share
Scroll to Top