Масимилијано Алегри се враќа во Јувентус. Трофејниот тренер доаѓа на местото на Андреа Пирло. Со Јувентус, Алегри пет пати бил шампион на Италија.
Италијанските медиуми објавија дека Алегри ќе потпише четиригодишен договор, вреден девет милиони евра по сезона.
Ангажманот на Алегри ќе значи и заминување на Кристијано Роналдо од Јувентус.
Италијанските новинари, тврдат, дека во 2018 година, несогласувањето околу Роналдо на релација тренер (Алегри) и претседател на клубот (Ањели) резултирало со отказ за тренерот.
СПоред овие извори Алегри подготвува голема реконструкција. 53-годишноот тренер тимот ќе го гради околу Паоло Дибала и дека во тој тим ќе нема место за Роналдо.