Охриѓанец вработен во градските гробишта наплатил две гробни места, а парите си ги зел за себе

пред 3 години

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.С. од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење.

Како што информираат од МВР, пријавениот во својство на службено лице вработено во јавното претпријатие „Градски гробишта“ – Охрид, по склучување на два договора за купување на гробни места, издал службена каса-прими документ и фискални сметки, а потоа свесно не го завел лицето како сопственик на гробните места во службените евиденции.

Фискалните сметки ги сторнирал, каса-прими документот го прикрил, а парите не ги предал во службената благајна и противправно ги присвоил за себе.

На тој начин нанел штета на Јавното претпријатеие во износ од 92.000 денари.

Share
Scroll to Top