Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, за средбата со Папата одбра да носи црн костум со вел. Костумот, елегантен и префинет, е креација на дизајнерката Лидија Георгиева, која одамна креира за првата дама. Според протоколот за средбата во Ватикан, Ѓоргиевска носеше долги ракави и сукња под колена. На црниот вел, пак, со глаголица е испишано ⰈⰀⰓⰅⰏ ⰔⰑⰐⰜⰅⰕⰑ ⰐⰅ ⰐⰅ̀’ ⰃⰓⰅⰅ ⰔⰋⰕⰅ, што значи „Зарем сонцето не нè грее сите“.
Сопругата на Пендаровски, освен со Георгиева, сработува и со други македонски дизајнери за сите јавни настани. Таа неодамна се вклучи и во кампањата за поддршка на македонските дизајнери.
Таа претходно во интервју за „Репортер“, рече дека секогаш на средби со странските дипломати и на настани во странство ќе носи облека креирана од македонските дизајнери за да ја промовира македонската мода во светот. Ѓоргиева досега соработувала со повеќето македонски креатори, и секогаш добивала пофалби за изгледот и изборот на облеката.
По повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим, претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска беа и во официјална посета на Ватикан.