Австриската влада на интернет објави „мапа на исламот“, што ги вознемири муслиманите во четвртокот, кои предупредуват дека станува збор за стигматизација, што ги прави да се чувствуваат несигурни.
„Интерактивната мапа ја покажува очигледната намера на владата да ги обележи сите муслимани како можна опасност“, реагираше Муслиманскиот совет во изјавата пренесена од „Франс Прес“.
Претходно истиот ден, конзервативната министерката за интеграција, Сузана Рааб, објави информации за отворање на нова веб-страница наречена „државна карта на исламот“.
На интерактивната онлајн мапа може да се најдат имиња на повеќе од 600 џамии и организации, нивните адреси, имињата на водачите и нивните можни врски со странски земји…
„Не ни беше намерата да поттикнеме општа недоверба кон муслиманите, туку да ги разоткриеме ‘идеологиите’ кои ги оспоруваат вредностите на либералната демократија“, рече Рааб.
Мапата е резултат на соработката помеѓу Универзитетот во Виена и Центарот за надзор на политичкиот ислам, тело основано минатата година од коалицијата на конзервативци и зелени.
Вторите, сепак, се оградија од оваа иницијатива.
„Овој проект, кој ги поистоветува муслиманите со исламистите е во спротивност со политиката за интеграција“, рече портпаролката на партијата Зелени за интеграција, Фаика Ел-Нагаши.
Инаку, конзервативниот канцелар Себастијан Курц редовно го критикува „политичкиот ислам“.
По првиот напад на џихадистите на територијата на Австрија, што се случи во ноември, бројот на вербални и физички напади врз муслимани се зголемил во оваа земја, покажува истражување на организација која ги регистрира ваквите напади.