Литванија протера двајца белоруски дипломати

пред 3 години

Литванија одлучи да протера двајца белоруски дипломати, соопшти литванското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека активностите на овие дипломати не се во согласност со дипломатскиот статус, пренесува „Ројтерс“.

„Со оваа одлука Литванија изразува солидарност и со Летонија, чии дипломати и службеници во Амбасадата во Минск неоправдано беа протерани од Белорусија пред неколку дена“, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top