Реал Мадрид го потврдија трансферот на Давид Алаба како слободен играч по крајот на неговиот договор со Баерн Минхен. 28-годишниот Австриец, кој може да игра на позиција на лев бек, во централна одбрана и во среден ред, реши да не го продолжи договорот со Баварците на крајот на сезоната заминувајќи по 13 години во тимот.
Реал потврдија дека Алаба потпишал петгодишен договор со клубот и ќе се приклучи на тренинзите по Европското првенство ова лето, каде што ќе биде клучен во австриската репрезентација како противник на Македонија.
Алаба пристигнува во Реал како еден од најуспешните фудбалери на светот со 28 титули од 2008 година – два трофеи од ЛШ и 10 од Бундеслигата. Тој има одиграно 431 натпревари за Баерн, рекорд за фудбалер надвор од Германија и беше во УЕФА тимот на годината трипати во кариерата.
Алаба пристигнува во Реал по одлуката на Зинедин Зидан да замине од клубот и би можел да биде замена за Серхио Рамос и Рафаел Варан, кои се поврзувани со трансфер ова лето.
? #WelcomeAlaba pic.twitter.com/acS6QDtNkb
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 28, 2021