Четворица загинати во пожар во ковид одделение во Бразил

пред 3 години

Четири лица загинаа денеска во пожар во ковид одделение во болница во североисточен Бразил, јавуваат светските агенции.

Иако пожарот во градот Аракажу брзо бил ставен под контрола, чадот го вдишале десетици пациенти, од кои четворица починале, а 35 биле префрлени во други болници.

Некои од овие болници не се наменети за пациенти заразени со коронавирус, пишуваат медиумите.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Властите во градот Аракажу велат дека бараат објект каде ќе можат да ги сместат заразените пациенти, кои засега се привремено префрлени во други болници.

Share
Scroll to Top