АМериканската вселенска агенцуја NASA соопшти дека хеликоптерот Ingenuity имал проблеми во текот на шестиот лет на Марс.
Проблемот со тајмингот на сликата примена од навигациската камера резултираше со неточни информации за летот на хеликоптерот. Сепак, и покрај аномалијата леталото успеа да мине пат од 65 метри и на крајот успешно да слета.
Just keep flying ?#MarsHelicopter completed its 6th flight. Despite unexpected motion from an image processing issue, Ingenuity muscled through the final ~65 meters of its 215-meter journey, landed safely & is ready to fly again. The chief pilot explains https://t.co/533hn7qixk pic.twitter.com/IHkkjXaHDd
— NASA JPL (@NASAJPL) May 27, 2021
Поради проблемот се појавувала само една слика, така што хеликоптерот не можел да го прочита тајмингот на фотографии примени од навигациската камера.
Тимот на NASA работи на решавање на проблемот, а успешниот лет докажа дека хеликоптерот е доволно стабилен и во ситуации кога нешто ќе тргне како што не треба.
„Хеликоптерот успешно го изведе шестиот лет на Марс. И покрај неочекуваниот проблем на процесирање слики, Ingenuity се избори и стигна до крајот на патувањето, подготвен е за нов лет“, стои во Twitter објавата на NASA.