Легендарниот германски тенисер Борис Бекер пред годинешниот Ролан Гарос даде свој коментар за фаворитите на турнирот.
„Надал е во мојата евиденција пред дурите, поради начинот на игра. Федерер е најталентираниот кој сум го видел досега, а Ѓоковиќ е најжестокиот досега. Сепак, Надал… Не би сакал да играм против него на ниту една подлога“ вели Бекер.
Познато е дека Бекер и Ѓоковиќ соработуваа 3 години, период за кој Новак освои 6 грен слем титули.
За српскиот ас Бекер смета дека има две различни црти на личноста, професионална и приватна.
„На терен е машина која сака да победи без оглед на се, а надвор од теренот Новак е семеен човек кој ја сака својата земја. Би ви ја дал последната маица што ја има“ рече Германецот.