Норвешка со најлошо облечен претставник оваа Евровизија

Норвешка со најлошо облечен претставник оваа Евровизија

пред 3 години

Секоја година на Евровизија се доделува наградата „Барбара Декс“, која се однесува на најлошо облечените натпреварувачи. Овогодинешната награда му припадна на Норвежанецот Тикс, чиј стајлинг е познат по ангелските крилја, белото крзно и светките.

Норвешка освои над  4870, а веднаш зад неа се најде Романија со која беше во тесна трка. На второ и трето место се најдоа Романија и Хрватска со само еден глас меѓу нив.

Еве ја конечната листа на финалситите за оваа година:

  1. Норвешка – Тикс
  2. Романија – Роксана
  3. Хрватска – Албина
  4.  Велика Британија – Џејмс Њуман
  5. Израел – Еден Ален

Претходно, во 2019 година, наградата за најлош претставник ја доби Португалија.

Оваа традиција е долга дваесет и четири години, а истата беше именувана по белгиската пејачка која беше прогласена за најлошо облечена изведувачка на Евровизија во 1993 година. Македонија низ годините два пати ја има освоено оваа „грандиозна награда“. Првиот пат ја освоиме со Мартин Вучиќ во 2005 година, а вториот пат со Ај Кју во 2018 година.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top