Карим Бензема во првата прес-конференција на тренинг-кампот со француската репрезентација зборуваше за шансите на „триколорите“ на Европското првенство, кадеш то мораат да бидат сметани за фаворити, но ја спомена и одлуката на неговиот сонародник Зинедин Зидан да замине од тренерското место во Реал Мадрид.
Зидан никогаш не криеше дека Бензема му е еден од омилените фудбалери.
„Тој е фантастичен тренер и на лично ниво, совршен човек. Навистина. Разочаран сум што замина, но животот продолжува“, вели Бензема.
Тој секако беше запрашан за партнерството со ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
„Не сакам да правам споредби, но Килијан е навистина генијален фудбалер. Имав шанси да тренирам со него и тој носи фантастична брзина во тимот. Среќен сум што сум повторно со Франција, работите се одлични. Веднаш се адаптирав и го кажуваме своето на теренот. Едвај чекам да почне првенството, бидејќи се наоѓам со фантастична група луѓе кои веќе станаа светски шампиони и се веистински победници. Никогаш не престанав да верувам дека ќе се вратам во тимот“, вели Бензема.