Поранешниот шеф на Ферари и директор на „Марлборо“, Маурицио Аривабене следната недела ќе биде промовиран во генерален директор на Јувентус, тврдат повеќе италијански медиуми.
Аривабене беше шеф на Ферари од 2014 до 2019 година, а исто така е во бордот на Јувентус од 2012 година, бидејќи газда на двата тима е компанијата „Ексор“. Тој ќе го замени Фабио Паратичи, чиј договор заврши на крајот на сезоната и не доби понуда да остане. Се очекува Федерико Керубини да биде поставен за нов спортски директор.
Со ова ќе се комплетираат промените кај „старата дама“, откако Масимилијано Алегри се врати на клупата по отказот за Андреа Пирло. Единствен сигурен, засега, останува претседателот на клубот, Андреа Ањели.