Популарниот актер Џо Лара (58) загина во авионска несреќа. Прославениот „Тарзан“ бил со неговата сопруга Гвен во приватен авион, а покрај нив загинале уште 5 други лица.
Џо и неговата сопруга Гвен имаа заеднички канал на Јутјуб, кој се засноваше врз принципот на реални шоуа, а главните учесници беа само тие двајца.
Тие го снимаа нивниот секојдневен живот и отворено зборуваа за нивната врска и љубов.
Покрај познатиот „Тарзан“, Џо ќе остане запаметен по многу улоги, а само некои од нив се во филмовите: “American Cyborg”, “Steel Warrior 1993”, “Steel Frontier”, “Warhead”, “Armstrong and Doomsdayer”…