(Видео) Цела естрада во новиот спот на ДНК: „Македонија на Европско“ неофицијална химна за Мрме и фудбалерите

(Видео) Цела естрада во новиот спот на ДНК: „Македонија на Европско“ неофицијална химна за Мрме и фудбалерите

пред 4 години

Панчо и Андреј од ДНК денес ја промовираа песната „Македонија на Европско“, за да ги бодрат фудбалерите на претстојното првенство што ќе се игра во Романија. Фановите велат дека ова е неофицијална химна за Мрме и фудбалерите.

„Македонија на Европско… Сите сплотени сме заедно… Оооо оооо Македонија на Европско, сите дишеме ко едно“, гласи рефренот од песната во која се појавува цела естрада: Ферус, Наум Петрески, Ребека, Кристина Арнаудова, Џамбо Агушев, Сузана Спаовска, Пере, Миле Кузмановски, Антониа Гиговска, Елена Велевска и други. Во видеото, што се снимаше неодамна на арената „Тодор Проески“, се појавуваат и спортистите Кире Лазаров, Перо Антиќ, Александар Љафтов, Никола Ѓоргиев, но и Сашко Коцев, Стефонатор и Џи Пи, Слаткар, 2 Бона и други.

„Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада првпат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери… и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме од срце да им се заблагодариме на сите, особено на фудбалерите, вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски“, велат Панчо и Андреј.

Панчо го напиша текстот за песната, а музиката ја направи заедно со Лазар Цветкоски. Видеото го режираше Владимир Митревски – Ѓуле.

Share
Scroll to Top