Тихановскаја бара нови санкции од САД против владата во Минск

пред 4 години

Водечката белоруска опозициска политичарка Светлана Тихановскаја денеска изјави дека побарала од САД да воведат дополнителни санкции за поединци и компании кои ја поддржуваат белоруската влада.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во петокот објави дека подготвува список на целни санкции против водечките лидери на белоруската влада, по присилното пренасочување на патнички авион и апсењето на новинар кој бил на тој лет, пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top