Доколку немате многу време, а ни идеи што да подготвите, ова е одличен предлог за вас.
Состојки:
- 3 пилешки филети
- 2 дцл млеко
- брашно
- 30 г путер
- малку масло
- сол и бибер
- оригано
Подготовка:
- исечете го месото на потенки шницли, посолете го и побиберете го, па извалкајте го во брашно.
- Истопете го путерот во тава и додадете масло, па кога ќе се загрее, ставете го месото.
- Испржете го месото и потоа додадете млеко, зачинете уште малку и додадете оригано.
- Поклопете го и потоа полека динстувајте 10-12 минути.
- Потоа тргнете го капакот, зголемете ја температурата и оставете го да се крчка уште некои 10 минути.