Исак Херцог, претседател на Еврејската агенција и поранешен лидер на израелската Лабуристичка партија, денес во парламентот (Кнесет) е избран за нов претседател на Израел .
За него гласаа 87 од 120 пратеници.
Исак Херцог (60) ја победи Миријам Перец (67) по професија учителка и предавач по јудаизмот и ционизмот.
Иако вчерашната анкета во Кнесет покажа дека Перец е фаворитка за која израелските медиуми наведуваат дека е приклонета на десницата, како и повеќето Евреи од нејзината генерација кои се доселиле во Израел од Блискиот Исток, таа денес доби само 26 гласа, а шестмина пратеници беа воздржани, објавија израелските медиуми.
Херцог ќе го наследи Рувен Ривлин, чиј мандат истекува на 9 јули.
Тој ќе биде првиот претседател на Израел чиј татко беше и шеф на еврејската држава: Хаим Херцог беше претседател на Израел од 1983 до 1993 година.
Таткото на Херцог, Хаим, беше амбасадор на Израел во ООН пред да биде избран за претседател на Израел.
Неговиот близок братучед Аба Ебан беше првиот министер за надворешни работи на Израел и амбасадор во ООН и САД, а неговиот дедо беше првиот главен рабин во Израел.
Mazal Tov! Le Président de l’Etat d’Israël a été élu. Isaac Herzog. Elu au 1er Tour. | https://t.co/rODIa0n2Jz pic.twitter.com/ICEhWvxJVN
— LeMondeJuifVuPar… (@lemonde_coil) June 2, 2021
Изборот на нов претседател на Израел, чија улога во политиката на земјата е претежно церемонијален, се одржа на денот кога истекува рокот за формирање на новата влада, што може да стави крај на долгото владеење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Нетанјаху веднаш му честиташе на Херцог и му посака среќа во име на сите граѓани на Израел.