Huawei Watch 3 серијата дебитира со проширена колекција на ликови и ремени за корисниците да го персонализираат својот уред.
Huawei Consumer Business Group ја претстави серијата HUAWEI WATCH 3, која се состои од моделите HUAWEI WATCH 3 и HUAWEI WATCH 3 Pro, кои му нудат на корисникот модерно, интелигентно искуство со богата интерактивност и поврзаност во различни сценарија. Покрај професионалните функции за следење на параметрите на здравјето и фитнесот и супер долгиот век на траење на батеријата, серијата HUAWEI WATCH 3 нуди сензор за мерење на температурата на кожата. Со додавање нови функции како миење раце и паѓање, новите паметни часовници им помагаат на корисниците да го следат напредокот на тренингот и здравјето со решенија засновани на наука, без оглед на начинот на живот што го водат.
“Новите паметни часовници се исто толку независни, интелигентни и моќни како паметен телефон. Тие се дизајнирани да го направат нашиот ден поудобен од кога било досега”, изјави Кевин Хо, главен оперативен директор во Huawei Consumer Business Group. “Следењето на параметрите на здравјето и спортот отсекогаш беше една од клучните јаки страни на нашите уреди за носење, а сега додаваме мерење на температурата на кожата, миење на рацете и можно регистрирање пад за да понудиме уште поцелосен пакет на карактеристики со кои потрошувачите имаат контрола над нивното здравје.”
Естетиката на паметниот часовник
Серијата HUAWEI WATCH 3 има рамнотежа помеѓу паметните часовници и естетиката на традиционалните часовници. Полираното тело од не’рѓосувачки челик се претвора во закривено 3D стакло и голем дисплеј, надополнувајќи го безвременскиот дизајн на часовникот. HUAWEI WATCH 3 е првиот часовник на Huawei со ротирачка 3D-круна, чувствителна на допир. Благодарение на ултра-прецизното препознавање на движењата на прстите, корисниците можат да зумираат и намалат и правилно да “скролаат” низ менијата. HarmonyOS воведува целосно нов кориснички интерфејс со лаунчер од типот грид-мени што ја надополнува ротирачката 3D-круна за уште помазно и поинтуитивно корисничко искуство.
Серијата HUAWEI WATCH 3 дебитира со проширена колекција ликови и ремени за корисниците да го прилагодуваат својот уред. Со широк спектар на иновативни теми, вклучувајќи технологија, игри, DIY и кратки видеа, ликовите може да се комбинираат со силиконски, кожни, челични и титаниумски ремени.
Независност и интелигенција, со моќ на паметен телефон
Серијата HUAWEI WATCH 3 поддржува самостојно поврзување. Со активирање на услугата eSIM на паметните телефони, корисниците можат да го споделат нивниот телефонски број, како и планот за говорни повици и податоци помеѓу паметниот телефон и паметниот часовник. Кога патувате, HUAWEI WATCH 3 може да стане личен асистент и да прикажува информации за превоз до и од аеродромот и летот само при движење на зглобот.
HUAWEI WATCH 3 доаѓа со инсталиран AppGallery, од каде што корисниците исто така можат да преземаат апликации од трети страни.
Ултра долг век на траење на батеријата за целодневен мониторинг на здравјето
Серијата HUAWEI WATCH 3 е како професионален инструктор за фитнес, кој нуди над 100 режими за тренинг, мерење на температурата на кожата со нов прецизен сензор, откривање можен пад и SOS аларм. Заедно со функциите за следење на здравствените параметри како што се срцевиот ритам, заситеноста на кислород во крвта, квалитетот на спиењето и нивото на стрес, потрошувачите имаат многу информации за нивниот здравствен статус.
Серијата HUAWEI WATCH 3 обезбедува целосна заштита на личните податоци на корисникот и потребна е согласност пред најавување. HTTPS шифрирањето ги штити податоците за време на преносот, така што корисниците можат да бидат спокојни и безбедни додека уживаат во функциите за следење на здравјето и спортот.
HUAWEI WATCH 3 Pro нуди ултра долг век на траење на батеријата, до 5 дена во Smart mode и до 21 ден во Ultra-long battery life mode. HUAWEI WATCH 3 трае до 3 дена во Smart mode и до 14 дена во Ultra-long battery life mode.
- Некои функции, како што е мерењето на температурата на кожата, бараат ажурирање на ОТА.
- Некои функции, како што се информации за летот и превозот, во моментов се достапни само во Кина и бараат апликации од трети страни.
- Траењето на батеријата се цитира врз основа на лабораториските тестови на Huawei. Времето на вистинска употреба може да варира во зависност од специфичниот производ, корисничките навики, надворешното опкружување и многу повеќе.
- Паметните часовници не се медицински помагала и не можат да се користат како основа за медицинска дијагноза.