Двајца тинејџери во американската држава Флорида побегнале од дом за напуштени деца, упаднале во куќа, а потоа пукале кон полицијата која интервенирала на самото место, објавија властите.
12-годишно момче и 14-годишно девојче пронашле пиштол и пушка со поголема количина муниција во куќата каде упаднале во Флорида, и пукале кон полициските службеници кои интервенирале по пријава на минувачите, пренесува Ројтерс.
Во тој конфликт рането е девојчето кое пукало кон полицајците, а дванаесетгодишното момче го предало оружјето набргу потоа и не било повредено, соопшти полицијата.
Девојчето било оперирано и е во стабилна состојба, а ниту еден од полициските службеници не бил повреден во пукотниците.
Претходно истиот ден, девојчето и момчето избегале од Домот за деца без родители на Методистичката црква во Ентерпрајз во Флорида.