Герхард Шредер беше реизбран денес за претседател на бордот на директори на рускиот нафтен гигант „Роснефт“, објави компанијата.
Шредер (77) е член и претседател на управниот одбор на „Роснефт“ од 2017 година.
Како политичар од редовите на социјалдемократите, тој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година.