Гардијан: Во Бакингемската палатата било забрането да се вработуваат обоени лица и мигранти

Гардијан: Во Бакингемската палатата било забрането да се вработуваат обоени лица и мигранти

пред 3 години

Британски весник „Гардијан“ дојде до документи кои покажуваат дека во кралската палата постоела пракса уште од 1960 година да не се вработуваат обоени лица, мигранти или странци на чиновнички позиции.

Овој скандал во кралското семејство, во јавноста е познат под името „Фирма“. Скандалот само покажал како кралските членови од палатата успеале да испреговараат да бидат иземени од закон со кој се спречува сексуална и расна дискриминација во општеството.

Документите биле најдени во Националната архива и покажуваат дека уште од 1968 година, кралскиот главен финансиски менаџер, ги известил чиновниците во палатата, дека не постоела пракса на вработување на обоени мигранти или странци, освен на позицијата слуга.

Засега не се знае кога ваквата пракса била прекината, затоа што од палатата одбивале да одговараат на прашања на новинарите за вработувањата. Во јавноста е познато само дека од 1990 година, бројката на вработувања во палатата постепено се намалувала.

За претходно не се водело документација за расното потекло на вработените. Овие документи само ги потврдиле шпекулациите кои се појавиле во јавноста, околу расната и сексуална дискриминација во кралското семејство, пишуваат медиумите.

Први кои го обвинија кралското семејство за расна дискриминација беа внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во интервјуто кај американската водителка Опра Винфри.

FILE PHOTO: Britain’s Prince Harry and Meghan, Duchess of Sussex, are interviewed by Oprah Winfrey in this undated handout photo. Harpo Productions/Joe Pugliese/Handout via REUTERS/File Photo

Двајцата го обвинија кралското семејство за расизам, велејќи дека само затоа што Меган е мелескиња, еден член од семејството бил загрижен за бојата на кожата која нивниот син Арчи ќе ја добиел кога ќе порасне.

Ова не е прв скандал со кој се соочува кралското семејство. Претходно кралицата Елизабета се најде под мета на критики затоа што ја убедила владата да го промени нацрт законот и на тој начин да го сокрие нејзиното приватно богатство од очите на јавноста.

„Гардијан“ објави дека приватниот адвокат на Елизабета, Виндзор, вршел притисок на министрите на британската влада, да се направат измени во предложениот закон, за јавноста да не може да открие колкаво богатство има кралицата Елизабета.

Иако бројката не е позната, се проценува дека станува збор околу стотици милиони фунти.

Претходно беше критикуван и нејзиниот син принцот Чарлс, затоа што тајно успеал да истурка во парламентот закони, кои нема да важат за него, а со чија помош успеал да ги спречи станарите на неговиот имот да ги купат куќите во кои живееле со години.

Весникот откри дека кралското семејство користела тајна процедура за да стави вето на три парламентарни закони и на тој начин да ги спречи станарите да си ги остварат своите права.

 

Share
Scroll to Top