Швајцарскиот тениски ветеран Роџер Федерер по голема борба, во четири сета славеше против 33 годишниот Хрват, Марин Чилиќ на тенискиот грен слем – Ролан Гарос.
По повеќе од два ипол часа игра, Федерер со 3-1 (по сетови 2-6 6-2 7-6 и 6-2) извојува победа над 47. на АТП листата.
Разликата на мечот ја направија поголемиот број асови во корист на Швајцарецот и петнаесетина неизнудени грешки повеќе на штета на хрватскиот тенисер.
Пресуден на мечот беше третиот сет во кој мораше да се игра тај-брејк за да се види кој тенисер ќе поведе со 2-1.
Последниот сет беше формалност затоа што психолошката предност беше на страната на поискусниот.
Во третото коло Федерер ќе ги одмери силите со Германецот Кепфер кој денеска без поголеми проблеми славеше во дуелот против Американецот Фриц со 3-1 во сетови.