Барселона го потврди Куман, добива холандско засилување во Жорди Кројф

Барселона го потврди Куман, добива холандско засилување во Жорди Кројф

пред 3 години

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека Роналд Куман ќе остане на клупата на славниот клуб и следната сезона, ставајќи крај на шпекулациите за можни промени во Каталонија.

Куман ја комплетираше првата сезона на „Ноу Камп“ откако го замени Кике Сетиен минатото лето и успеа да освои титула, 31. на клубот во Копа дел Реј, иако потфрли во трката во Ла лига и во Лигата на шампиони.

Шпекулациите велеа дека легендата на Барса, Чави ќе го преземе неговото место, но претседателот Лапорта вели дека 58-годишниот Лапорта ќе го комплетира својот договор до јуни 2022 година.

„Ќе му дадеме континуитет на договорот на Роналд Куман. Задоволни сме бидејќи се исполнија сите критериуми во текот на сезоната“, изјави Лапорта.

Покрај Куман, во клубот се враќа уште едно познато лице, Жорди Кројф, синот на легендата Јохан, кој ќе биде советник на тимот. 47-годишниот Жорди беше дел од школата „Ла масија“ на Барса, но поголемиот дел од фудбалската кариера ја помина далеку од Барселона.

Куман доби и две засилувања во Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, а се чека и потписот на Георгинио Вајналдум, иако уште не е сигурна иднината на Лео Меси, со кого траат долгите преговори.

Share
Scroll to Top