Сладоледот Serendipiti’s Golden Opulence Sundae се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најскап сладолед на светот, а чини 800 долари.
Овој десерт мора да се нарача барем 48 часа порано, а се состои од три топки сладолед од ванила прекриени со ливчиња од 24-каратно злато, какао и бадеми, кавијар и орхидеи од злато кои се прават осум часа, и кандирано овошје од Париз.
Слаоледот се служи во чаша од кристал Бакара од 350 долари и со лажица од 18-каратно злато. Тој содржи најквалитетни состојки што може да се користат, вклучително и скапо чоколадо од Тоскана и зрна ванила увезени од Мадагаскар.