НБА ќе добие нов шампион – ЛА Лејкерс испаднаа од плеј-офот

НБА ќе добие нов шампион – ЛА Лејкерс испаднаа од плеј-офот

пред 3 години

Лос Анџелес Лејкерси остнаа без шампионскиот прстен. Финикс Санс ги елиминираа шампионите во шест натпревари, во првиот круг од плеј-офот. Шестиот меч, одигран во Лос Анџелес, Финикс Санс го добија со 113:100.

ЛА Лејкерси не успеаја да се изборат со квалитетниот противник и повредата на Ентони Дејвис. Крилниот центар го започна натпреварот, но набргу со болки се врати на клупата откаде ја гледаше елиминацијата на својот тим.

Покрај проблемите со повредата на Дејвис, Лејкерси не може да се справат со бекот на Финикс, Девин Букер.

Букер натпреварот го заврши со 47 поени, 11 асистенции и три скока.

На спротивната страна Леброн Џејмс забележа 29 поени, девет скокви и седум асистенции, Денис Шрудер постигна 20 поени.

Финикс, мечот го решија во првата четвртина во која постигнаа 36, а примија само 14 поени. Санас на овој дуел поставија рекорд на франшизата во плеј-офот, постигна 18 тројки.

Во полу-финалето, Финикс ќе играат против Денвер Нагетс.



Share
Scroll to Top