Руската вакцина „Спутник“ од денеска ќе се произведува и во Србија

пред 3 години

Oд денеска Србија ќе започне со производство на руската вакцина „Спутник в“ против коронавирусот.

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина слета во Белград во четвртокот вечерта.

Српскиот министер задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, синоќа изјави дека сè е подготвено во „Торлак“ и дека производството на руската вакцина ќе започне попладнево.

Тој посочи дека четири милиони вакцини „Спутник в“ ќе бидат произведени во првиот период од четири до шест месеци.

Додаде дека вакцината ќе се користи првенствено за граѓаните на Србија, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но и дека Србија ќе му помогне на регионот.

Share
Scroll to Top