Унгарија единствената членка на ЕУ која нема проблем со недостаток на вакцини

пред 3 години

Унгарија е единствената членка на Европската Унија која нема проблем со недостаток на вакцини против вирусот Ковид-19, рече премиерот Виктор Орбан.

Првата доза на вакцина против короната ја примиле 54 проценти од населението, додека 38 проценти од граѓаните биле целосно имунизирани, изјави Орбан за радиото „Кошут“, пренесува МТИ.

„Успехот на вакцинацијата ни купи дополнително време, ни заштеди пари и ни донесе слобода“, рече Орбан.

Тој ги повика граѓаните што сè уште не се пријавиле за вакцинација, околу 2,5 милиони од нив, да го сторат тоа што е можно поскоро.

Тој рече дека Унгарија сега ќе се префрли од масовна вакцинација на вакцинација во готовност и дека ќе остави отворени неколку точки за вакцинација за оние кои сакаат вакцина.

Share
Scroll to Top