Оглас што ги збуни Италијанците: Издаваме соби само за невакцинирани лица

пред 3 години

Не примаме луѓе кои биле вакцинирани против Ковид-19, ниту нашиот персонал не е вакциниран, а оние што примиле лек не треба да доаѓаат, е оглас што ги збуни Италијанците, а сопственичката на пансионот која го објави огласот, вели дека само сакала да ги охрабри луѓето да размислуваат.

Огласот предизвика голем број коментари на социјалните мрежи, а сопственичката се правда со тоа дека не сакала да провоцира никого.

Во интервју за весникот „19 век“, таа објасни дека, како што вели, ни се наметнува „зелен пасош“ како гаранција дека сме вакцинирани и како предуслов за патување и смета дека тоа е дискриминација на оние кои сакаат слободно да изберат дали ќе бидат имунизирани или не.

Покрај негативните коментари, напади и критики, сопственичката доби поддршка и од многумина кои се противат на вакцинацијата.

Сепак, поради поплавата од пораки и негативни коментари, таа беше принудена да го повлече огласот.

Таа не ги коментираше критиките, за кои тврди дека сами по себе се доволно јасни.

Share
Scroll to Top