Актерката Џулија Робертс е една од ретките која не го промени личниот опис, туку со препознатливата насмевка го прифаќа стареењето, додека нејзиниот стил уште од самото нејзино појавување на филмското платно остана беспрекорен.
Деведесеттите како модна декада повторно се актуелни, во прилог ви ги претставуваме петте најдобри стајлинзи на актерката кои ја одбележаа оваа декада.
1. Трегерки
Трендот кој се враќа на големата врата, повеќе не е резервиран само за бремени и молери, туку може да се искомбинира во секојдневното облекување. Добриот пар трегерки и бела маичка е сè што ви е потребно за да постигнете ултимативен летен лежерен стајлинг.
2. Одело
Машки кроеви на одела веќе некое време доминираат на модната сцена. Намирниците се посебно акутелни, а ако ви недостига инспирација, тука е стајлингот на Џулија од доделувањето на Златен глобус кој уште тогаш привлече доста внимание.
3. Беретка и кожен мантил
Ништо не сугерира француски стил како добар мантил и Шанел беретка, додека белата маичка, минималистичките обетки и темните ретро наочари дополнително го акцентираат францускиот стил.
4. Лежерно, а шик
Бела ролка, црно сако и добар џинс – доколку мислите дека безвременските модни комбинации не постојат, сте се излажале.
5. Слобода
Премиерата на филмот Notting Hill во 1999 го одбележа еден од клучните моменти кога Робертс се појави со неиздепилирани пазуви во црвен светкав фустан. Овој феминистички став во тоа време наиде на огромна осуда, но денес ја сместува меѓу пионерките на феминизмот кои се бореа за слобода на женското тело.