Светската ѕвезда Ријана се сликаше за насловната на италијанското издание на „Вог“. Ријана откри дека самата го избирала стајлингот за сликањето, со неколку свои најблиски соработници.
„Самоуверена, секси, и во модели од мојата колекција ‘Севиџ фенти’. Ова е изданието ‘направи сам’ на Вог“, вели популарната пејачка, која веќе подолго време не снима нови песни, туку е посветена на својата модна и козметичка колекција.