Новиот дрес на Украина ги налути Русите

Новиот дрес на Украина ги налути Русите

пред 3 години

Репрезентацијата на Украина ги промовираше дресовите со кои ќе настапи на ЕУРО 2020. Новиот дрес на Украинците предизвика лутина и незадоволство кај Русите, кои најавија дека ќе протестираа кај УЕФА.

Два детали на дресот ги налутија Русите, ко тврдат дека Украинците ја мешаат политиката во спортот.

На дресот има силуета на украинската држава со полуостровот Крим, кој во 2014 година прогласи независност и се припои кон Русија.

На задниот дел од дресот е напишана паролата: „Слава на Украина! Слава на хероите“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рекла дека организаторите на ЕУРО 2020 би требало да знаат дека напишаното на дресот е нацистичка парола.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андриј Павленко, рекол дека дресовите се посебни.

„Уверени сме дека силуетата на Украина ќе им даде сила на играчите, тиа знаат дека играат за цела Украина“.

Украина на ЕУРО 2020 ќе игра во Ц-групата против Холандија, Македонија и Австрија. Дуелот помеѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 17.јуни во Букурешт.

Share
Scroll to Top