Русија: Гасоводот до Германија ќе биде готов до крајот на годинава

пред 3 години

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ќе заврши до крајот на годинава, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

„Тековните работи ќе бидат завршени до крајот на годината и проектот ќе биде ставен во погон“, рече Новак за телевизијата „Русија 1“

„Северен тек 2“ е меѓународен проект за изградба на гасовод кој ќе се протега од рускиот брег до Германија преку Балтичко Море, заобиколувајќи ги транзитните земји како што се Украина, Белорусија, Полска и источноевропските и балтичките држави.

Новиот гасовод, долг 1,23 илјади километри, кој практично ја следи истата рута како „Северен тек“, минува низ економските зони и територијалните води на Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Share
Scroll to Top