ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов ќе го полни ЈСП со нови 65 партиски кадри

пред 5 години

Петре Шилегов ќе го полни ЈСП со нови 65 партиски кадри, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Мрзеливиот Петре Шилегов немилосрдно продолжува да преполнува со партиски вработувања. Следуваат нови 65. Во безидејност и очекување на сигурен пораз на локалните избори во Град Скопје, СДСМ продолжува со превработувања во јавните претпријатија“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во во викенд изданието на дневниот весник  „Нова Македонија“ објавени се два огласи за вработување во ЈСП.

Според ВМРО-ДПМНЕ, едниот оглас е објавен за нови 39 вработувања, а додека на другиот се предвидени нови, како што велат од партијата, 26 партиски послушници.

Share
Scroll to Top