Актерот Кларенс Вилијамс Трети во петокот почина на 82-годишна возраст во неговиот дом во Лос Анџелес, по битката со ракот на дебелото црево, потврди неговиот менаџер Алан Миндел.
Кларенс беше најпознат по улогата на полицаецот Линс Хејс во серијата „The Mod Squad“, но и по улогата на агентот на ФБИ во серијата „Твин Пикс“. Исто така глумеше заедно со пејачот Принс во филмот „Purple Rain“.
Музичарот Лени Кравиц се прости од него преку социјалните мрежи.
„Кога бев дете, растејќи во Њујорк, актерот Кларенс Вилијамс Трети беше заштитно лице на телевизијата со кого се поистоветував и кој ме инспирираше. Од „Mod Squad“, до „Purple Rain и „Sugar Hill“, тој секогаш настапуваше со динамична енергија. Почивај во мир, кралу“, напиша Кравиц на својот Твитер профил.
When I was a kid growing up in NYC Clarence Williams III was a face on TV that I identified with and that inspired me. From the Mod Squad, to Purple Rain and Sugar Hill, he always performed with dynamic energy. Rest in power, king ✊? pic.twitter.com/GIZLSjp4uV
— Lenny Kravitz (@LennyKravitz) June 6, 2021