Родриго Морено (Лидс), Пабло Форналс (Вест хем), Карлос Солер (Валенсија) и Браис Мендез (Селта) се повикани во шпанската репрезентација како „резерви“ во знак на претпазливост доколку ситуацијата со КОВИД-19 му направи поголеми проблеми.
Ова доаѓа откако асот на Барселона, Серхио Бускетс заврши во изолација по позитивниот тест на корона вирусот во неделата, иако нема симптоми. Остатокот од тимот имаше негативни тестови, но ќе останат во изолација.
По ова Морено, Форналс, Солер и Мендез ќе работат во посебен „паралелен меур“ доколку бидат потребни да заменат некого во репрезентацијата. Тие ќе тренираат секој ден, но нема да се мешат со остатокот од репрезентацијата, пред да се донесе конечна одлука за патниците на ЕУРО 2020.
Шпанија треба да игра со Литванија во пријателски меч во среда, но сега, нивното место ќе го зазеде У-21 репрезентацијата. „Фуријата“ е во група со Шведска, Полска и Словачка.