Ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден е највредниот фудбалер во европските топ 5 лиги, вели проценката на ЦИЕС фудбалската опсерваторија, поставувајќи му цена од фантастични 190.2 милиони евра, пред неговиот соиграч од англиската репрезентација и ривал од Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд со 178 милиони евра.
21-годишниоот Фоден имаше импресивна сезона под Пеп Гвардиола, освојувајќи ја титулата од Премиер лигата, и постигна вкупно 18 гола, добивајќи ја наградата за најдобар млад играч во избор на фудбалерите од ПЛ.
Во проценката на вредноста на трансферот, тимот на ЦИЕС ги анализира следните категории: возраст, вредност на договорот, ниво на натпреварување, остварувања, перформанси, искуство, интернационален статус, договор и позиција на која игра.
Зад Гринвуд е уште еден фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (159.1), по што следуваат Ерлинг Халанд (155.5), Бруно Фернандеш (154.3), Френки де Јонг (138.7), Педри (133.2), Алфонсо Дејвис (131.6), Жоао Феликс (127.8) и Мејсон Маунт (123.6).
Revealed ❗️ @CIES_Football bi-annual list of top estimated transfer values for players in the big-5⃣ ? @PhilFoden takes the lead ahead of @masongreenwood & @MarcusRashford ???????? Top ? available for free ➡️ https://t.co/Cez3AGHOem pic.twitter.com/MZJUySxDCN
— CIES Football Obs (@CIES_Football) June 7, 2021