Кин не жали што го „сотре“ таткото на Ерлинг Халанд

Кин не жали што го „сотре“ таткото на Ерлинг Халанд

пред 3 години

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин вели дека воопшто не жали за бруталниот старт со кој го повреди Алф-Инге Халанд, поранешниот фудбалер на Манчестер сити и татко на новата норвешка фудбалска мегаѕвезда Ерлинг Халанд.

Во разговор со поранешниот фудбалер на Сити, Мајка Ричарс, Ирецот призна дека одел да им нанесе „болка на ривалите“, но дека никогаш нема да се извини бидејќи и другите фудбалери го посакувале истото за него, иако додаде дека никогаш не посакувал намерна повреда.

Инцидентот со Алф-Инге Халанд се случи во 2001 година, кога Кин доби директен црвен картон за бруталниот старт, добивајќи суспензија од осум меча.

„Никогаш не сум зажалил за нешто што сум го направил на фудбалскиот терен, никогаш. Сум добивал црвени картони и сум го разочарувал тимот, но за мене тоа беше битка со луѓе. Секогаш бев во битката. Не, секако, не сакав да ги повредам. Дали сакав да им нанесам болка? Да, секако! Никогаш не се извинувам за тоа. Луѓето сакаа и мене да ме боли“, вели Кин.

Постариот Халанд се повлече поради повредата во 2003 година и наводно сакаше да го тужи Кин за неговото признание во автобиографијата (иако мора да се посочи дека повредата која предизвика пензија е левата нога, а не десната која му ја повреди Кин).

Share
Scroll to Top