ИТАЛИЈА
Италија се враќа на „големата сцена“. По фијаското со неуспехот да се квалификуваат на СП во Русија во 2018 година, кое во татковината беше протолкувано како „национална трагедија“, се почна со промените.
Роберто Манчини го замени Џанпјеро Вентура, и успеа да направи вистински препород со „мешан“ тим – многу искусни фудбалери, но и многу млади таленти. „Аѕурите“ имаат 10 победи во 10 квалификациски мечеви и се јасни фаворити во групата А. За понатаму? Останува да се види.
Голмани: Џ.Донарума (Милан), Мерет (Наполи) Сиригу (Торино)
Одбрана: Ачерби (Лацио), Бастони (Интер), Бонучи (Јувентус), Кјелини (Јувентус), Ди Лоренцо (Наполи), Емерсон (Челси), Флоренци (Рома), Спинацола (Рома), Толои (Аталанта)
Среден ред: Барела (Интер), Кристанте (Рома), Жоргињо (Рома), Локатели (Сасуоло), Пелегрини (Рома), Сенси (Интер), Верати (ПСЖ)
Напаѓачи: Белоти (Торино), Берарди (Сасуоло), Бернардески (Јувентус), Киеза (Јувентус), Имобиле (Лацио), Инсиње (Наполи), Распадори (Сасуоло)
ВЕЛС
Велшките репрезентативци влегуваат на шампионатот со нереално очекување на нивните навивачи да се повтори херојскиот настап од 2016 година, но сега со играчи кои добија многу искуство во последните пет години.
Герет Бејл, секако, ќе биде прва ѕвезда на тимот, но тука се и Даниел Џејмс, Неко ВИлијамс и Итан Ампаду. Еден човек кој нема да биде на шампионатот е нивниот селектор Рајан Гигс поради судењето кое го има, така што тимот ќе го води неговиот заменик Роб Пејџ.
Голмани: Хенеси (Кристал палас), Ворд (Лестер), Дејвис (Стоук)
Defenders: Гунтер (Чарлтон), Дејвис (Тотенхем), Робертс (Свонси), Ампаду (Челси), Мефам (Бурнемаут), Родон (Тотенхем), Н.Вилијамс (Ливерпул), Норингтон-Дејвис (Шефилд јунајтед), Кабанго (Свонси), Локјер (Лутон)
Среден ред: Ремзи (Јувентус), Ален (Стоук), Вилијамс (Кардиф), Вилсон (Ливерпул), Џејмс (Манчестер јунајтед), Брукс (Бурнемаут), Морел (Лутон), Смит (Манчестер сити), Левит (Манчестер јунајтед), Колвил (Кардиф)
Forwards: Бејл (Реал Мадрид), Мур (Кардиф), Робертс (Лидс)
ТУРЦИЈА
Турција пристигнува на ЕУРО со импресивни квалификации – победа и реми со светските шампиони Франција во квалификациите и со цврста одбрана предводена од ѕвездата на Лестер, Чаглар Сојунџу, тие дури осум пати во квалификациите не примија гол и вкупно имаа само 3 примени голови.
Бурак Јилмаз беше фантастичен за Лил оваа сезона, а во тимот му се приклучува и младиот Јусуф Јазичи, кој имаше одлична сезона за францускиот шампион. Едни од репрезентациите на кои мора да се смета.
Голмани: Бајиндир (Фенербахче), Гунок (Башакшехир), Чакир (Трабзон)
Одбрана: Челик (Лил), Сојунџи (Лестер), Ајхан (Сасуоло), Демирал (Јувентус), Мулдур (Сасуоло), Кабак (Ливерпул), Јилмаз (Бешикташ), Мераш (Ле Авр)
Среден ред: Јазиџи (Лил), Токоз (Бешикташ), Кавечи (Фенербахче), Јокушлу (ВБА), Кокчу (Феенорд), Туфан (Фенербахче), Анталијали (Галатасарај), Чалханоглу (Милан)
Напад: Јилмаз (Лил), Ундер (Лестер), Унал (Хетафе), Омур (Трабзон), Актуркоглу (Галатасарај), Дервишоглу (Брентфорд), Караман (Фортуна Диселдорф)
ШВАЈЦАРИЈА
Со Швајцарците, никогаш не сте сигурни каков тим ќе излезе на теренот – тие имаа седум меча без победа, по што имаа шест последователни победи, вклучувајќи 7:0 доминација над Лихтенштајн во последниот меч.
Тимот на Владимир Петковиќ е разигран, долго време е заедно и секако покрај Италијанците се главни фаворити за првото место во групата. Може да загрижува тоа што дел од фудбалерите влегуваат со малку мечеви оваа сезона – Фабијан Шер пропушти голем дел од сезоната, додека Џердан Шаќири честопати беше само резерва во Ливерпул.
Голмани: Зомер (Менхенгладбах), Мвого (ПСВ), Омлин (Монпелје)
Одбрана: Аканџи (Дортмунд), Бенито (Бордо), Чомерт (Базел), Елведи (Менхенгладбах), Лотомба (Ница), Мбамбу (Волфсбург), Омерагиќ (Цирих), Родригез (Торино), Шер (Њукасл), Видмер (Базел)
Среден ред: Фаснахт (Јанг бојс), Едмилсон (Мајнц), Фројлер (Аталанта), Мехмеди (Волфсбург), Шаќири (Ливерпул), Цубер (Франкфурт), Соу (Франкфурт), Рубен Варгас (Аугзбург), Џака (Арсенал), Закарија (Менхенгладбах).
Напаѓачи: Емболо (Менхенгладбах), Гаврановиќ (Динамо Загреб), Сеферовиќ (Бенфика)