Според последните информации, компанијата Google оваа година ќе го претстави смартфонот на преклоп Pixel.
За уредот под назив Pixel Fold се шпекулира уште минатата година, а сега се појави информација дека овој уред ќе биде претставен кон крајот на оваа година.
Јужнокорејските медиуми пишуваат дека Samsung ќе започне да произведува OLED панели на преклоп во октомври и ќе ги испорачува на Google, Vivo и Xiaomi. Сите три компании ќе ги претстават своите преклопни смартфони кон крајот на оваа година.
Google не крие дека ќе произведе смартфон на преклоп, а во 2019 година ја претстави апликацијата за патентирање на сопствените смартфони на преклоп. Google развива и уред под назив Passport. Овој смартфон ќе има 7,6-инчен панел.
Извор: Klix.ba