Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ги обвини градоначалниците на Скопје и Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, дека продолжуваат да го уништуваат Скопје со сечење на дрвја на улицата „Орце Николов“.
„Решија да го уништат и еден од најубавите дрвореди во Скопје, со срамно образложение дека дрвата биле стари и болни. Не работат ништо, напротив само уништуваат. Ова е вистинското лице на Шилегов и Богдановиќ, ова е нивната поинаква приказна за Скопје“, рече Митева.
Таа вели дека Шилегов, Богдановиќ и Заев на 15 мај имале прес конференција на улицата „Орце Николов“ за реконструкција на само еден крак од улицата и зборувале за некаква нивна заложба за поубаво и поурбано Скопје, а сега после неполн месец скопјани се вознемириле од глетката.
„отстранети се 13 дрва. Граѓаните добија ветување од градските власти дека нема да биде исечено ниту едно дрво. Но, еве го резултатот од нивните ветувања. Дали староста и пропаѓањето на дрвјата ја откривате баш тогаш кога вршите реконструкции или проширувања на улици?“, ги праша Митева градските власти.
Според неа, вва јасно покажува дека Богдановиќ и Шилегов немаат долгорочен план на одржливост, ниту знаење или свест за тоа што значи концептот одржлив град.