Сите имаат различни начини за носење со мамурлакот, без разлика дали станува збор за утринско џогирање како би ги испотиле сите токсини или со конзумирање брза храна и огромна количина масти.
Со доаѓањето на топлото време и годишните одмори, како и со олабавените епидемолошки мерки, сигурно во следните недели ќе бидете во потрага по идеалниот лек за мамурлак.
Читателите на LADbible ги открија своите проверени рецепти за борбата со мамурлак, а ова се некои од нив:
Сауна
Еден од читателите, Алекс Лимкитират тврди дека најдобриот лек за мамурлак е сауната.
„Изедете квалитетен оброк и отидете во сауна. Веќе нема да се чувствувате мамурно, гарантирам“, вели тој.
Калориска бомба
„Изедете 20 пилешки медаљони, голем сендвич и милкшејк од банана“, советува Хари Рајмер.
„Тос, сланина, јајца, колбасици“, кратко порачува Алфред Кокси.
Коктели
„Понекогаш пијам по една кригла во која точам пола кока кола и пола сок од портокал. Уште еден сјаен трик е сокот од кактус“, пишува Рис Салисбери.
Вода и добар појадок
„Претходно имав катастрофални мамурлаци, но сега пијам пола литар вода пред спиење. Следното утро јадам калоричен појадок и мамурлакот повеќе го нема“, вели Хамилтон.
Оброк пред пиење алкохол
„Храната ја забавува апсорпцијата алкохол во крвотокот и го забрзува процесот со кој телото го разградува алкохолот. Тоа значи дека нивото на алкохол во крвта ќе биде поголем и побрзо ќе се зголеми доколку пиете на празен стомак. Значи, ако пред пиењето алкохол не јадете побрзо ќе се чувствувате пијани, а поголеми се шансите дека ќе доживеете други негативни ефекти како црвенило, мачнини и главоболки“, вели докторката Кетрин Басфорд.
Притоа не е битно за каква храна ќе се одлучите, туку само нешто да изедете.