Домаќините славеле само петпати на отворањето на ЕУРО

Домаќините славеле само петпати на отворањето на ЕУРО

пред 3 години

Европското првенсто 2020 почнува утре со мечот Италија – Турција на римски „Олимпико“.

На досегашните 15 континентални шампионати на воведните мечеви домаќините извојувале само 5 победи.

Шпанија во 1964 година на „Сантијаго Бернабеу“ по продолженија славеше со 2-1 против Унгарија. Четири години подоцна Италија во Неапол го победи СССР со потфрлање паричка откако дуелот заврши 0-0.

Во 1984 година Франција во Париз со 1-0 славеше против Данска, а во 2000 година Белгија во Брисел со 2-1 славеше против Шведска.

Со истиот резултат Франција на последното ЕП беше подобра од Романија.

На првото ЕП во 1960 година настапиле само 4 селекции, а едно од најголемите изненадувања на европските шампионати го приреди Грција во 2004 година во Португалија.

На воведот во Порто Грците со 2-1 ги совладаа Португалците. Интересно е тоа што и во финалето се состанаа овие две селекции, и повторно нашиот јужен сосед славеше, овојпат со 1-0.

Share
Scroll to Top