Советот на Европа денеска побара од Русија веднаш да го ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални, еден ден откако руското правосудство ги прогласи противниците на Кремљ за „екстремистички“.
„ Комитетот на министри на Советот на Европа (составен од 47 земји-членки) изрази сериозна загриженост дека Навални сè уште е во затвор“, се вели во соопштението.
Комитетот, кој следи дали земјите-членки на Советот на Европа ги спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто така, бара од Москва да ја повлече пресудата на Навални во аферата „Ивс Рочер“.
Во декември 2014 година, опозиционерот беше осуден на условна затворска казна од три и пол години во случај за проневера на 26 милиони рубљи (во тоа време скоро 360.000 евра), на штета на рускиот огранок на француската компанија за козметика „Ив Рошер“.
Во 2014 година, француската компанија објави дека не претрпела никаква штета од Навални.
Во моментов Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години.
Противникот на Кремљ беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде со месеци се опоравуваше од труење со нервен агенс.