Кои се даночните олеснувања за компаниите што ги осигурале своите вработени?

пред 3 години

Какви се бенифитите за една компанија ако ги осигура своите вработени? Дали има реални бенефити или станува збор само за покажан гест на грижа? Одговорот е и двете, компанијата и вработените имаат бенефит.

Со направените законски измени кои се во сила од јануари 2019 година, на оданочување со данок на личен доход не подлежи уплатената премија за животно осигурување за вработени лица во една календарска година, во висина до две просечни месечни бруто‐плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Овие даночни олеснувања може да имаат големо значење за работодавците, посебно во големи и компании со голем број вработени. Но, животното осигурување на вработените има и други предности за компаниите. На овој начин им обезбедуваат на своите вработени финансиска заштита од непредвидени животни ситуации и покажуваат дека се грижат и за финансиската безбедност и заштита на нив и нивните семејства, со што ја стекнуваат нивната доверба и лојалност. А постоењето на ваква практика позитивно се одразува и воопшто врз пазарот на трудот, врз статусот и третманот на вработените, врз вреднувањето на вработените и нивниот придонес во пазарната економија на една држава.

Заради многуте предности и фактичка, материјална корист што произлегуваат од животното осигурување на вработените, осигурителните компании ја зголемуваат понудата, а менаџерите се почесто се одлучуваат на овој тип осигурување. За Кроациа осигурување – живот овој тип осигурување дава многу можности.

„Создадовме неколку вида производи за правни лица и компаниите имаат можност да изберат. Менаџерското осигурување на живот е начин за стимулирање на лојалноста и посветеноста на вработените и е современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата, а во исто време нуди врвна заштита и покритие. Колективно осигурување живот кое е наменето за работодавачи кои сакаат да им обезбедат на своите вработени финансиска заштита од непредвидени животни ситуации. Корпоративното ризико осигурување, пак, има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на вработените од евентуален несреќен случај а се осигуруваат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се на работното место или вон него“, велат од Кроациа.

Една компанија со осигурување на својот клучен кадар ја потврдува неговата стручност и улогата што ја имаа во компанијата, покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат, го цени нивниот потенцијал и свесна е за нивната улога и влијание врз деловните резултати. (ПР)

Share
Scroll to Top